Економија Банките ќе ги изгаснат светлечките реклами за да штедат струја

Банките ќе ги изгаснат светлечките реклами за да штедат струја

Македонската банкарска асоцијација (МБА) соопшти оти е донесена одлука во следните 30 дена, сите експозитури и седишта на нејзините членки – банки и штедилници – да ги изгаснат светлечките реклами.

Одлуката е донесена по вчерашното прогласување кризна состојба во енергетскиот сектор од страна на владата.

„Со овој чекор, Банките и штедилниците придонесуваат кон заштеда на електрична енергија и даваат пример за здружено општествено одговорно однесување кое дополнително се пренесува и до сите вработени кај членките, со препорака за рационално користење на електричната енергија не само во работните простории туку и во домовите“, порача МБА.