Свет Бан Ки-мун: Вратете се на мировните преговори за Сирија

Бан Ки-мун: Вратете се на мировните преговори за Сирија

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, денеска во Лондон изјави дека е „многу вознемирувачки“ тоа што сирискиот мировен процес е загрозен со засиленото бомбардирање и со блокадата на хуманитарната помош за цивилите.

На меѓународната донаторска конференција за собирање помош за Сирија и за решавање на мигрантската криза, тој рече дека „следните денови мора да се искористат за враќање на преговарачката маса, а не за остварување цели на боиштата“.

Мировните преговори на сириските власти и на опозицијата се прекинати на три дена.