Свет Свет Бан Ки-мун: Спасувањето на мигрантите е приоритет

Бан Ки-мун: Спасувањето на мигрантите е приоритет

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, денеска изјави дека спасувањето на животите на мигрантите од водите кај Југоисточна Азија, треба да биде приоритет, затоа што тој регион се бори со егзодус на луѓе кои бегаат од прогонување и од сиромаштија.

– Во овој момент, кога луѓето се наоѓаат на море, приоритет е како можеме да ги најдеме, да ги спасиме и да им обезбедиме хуманитарна помош за да преживеат – изјави Ки-мун на новинарите за време на посетата на Ханој.

Генералниот секретар на ОН ги повика земјите да не ги враќаат мигрантите назад во земјите каде што има опасни околности или ситуации.

Ки-мун изјави дека се надева дека земјите од тој регион ќе се занимаваат со причините за овој егзодус, на конференцијата што на 29 мај ќе се одржи на Тајланд.