Свет Бан Ки-мун: ЕУ да продолжи да работи на решавањето на бегалската криза

Бан Ки-мун: ЕУ да продолжи да работи на решавањето на бегалската криза

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, денеска ги повика членките на Европската унија да продолжат да работат заедно на решавање на најлошата мигрантска криза од Втората светска војна и ги пофали напорите на Унија да се избори со овој „глобален феномен“.

– Се надевам дека Европската унија и Италија ќе продолжат да покажуваат солидарност – изјави тој во интервју за италијанскиот весник „Коријере дела сера“.

Генералниот секретар на ОН е во посета на Италија по повод обележувањето на 60-годишнината од приемот на земјата во организацијата.

Тој рече дека е охрабрен од првиот договор на ЕИ за преселување на бегалците внатрешно во Унијата.

Во Брисел денеска почнува дводневниот самит на лидерите на ЕУ, четврти во последните шест месеци, на кој вниманието ќе биде насочено на бегалската криза. Повеќе од половина милион луѓе годинава дошле во Европа, бегајќи од војна и од сиромаштија во Африка, Азија и на Блискиот Исток.