Свет Бан Ки-мун: Бариерите нема да ја решат бегалската криза

Бан Ки-мун: Бариерите нема да ја решат бегалската криза

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, оцени дека градењето бариери нема да ја реши бегалската криза во Европа и ги повика политичките лидери да ја следат германската канцеларка Ангела Меркел во борбата со актуелната криза.

Во интервју за денешното издание на весникот „Билд“, Бан Ки-мун рече дека „градењето ѕидови, дискриминацијата или враќање луѓе не се одговор на проблемот.

Тој, исто така, го пофали „хуманото политичко водство“ на германската канцеларка во борбата со бегалската криза и ги повика другите политичари да го следат нејзиниот пример.