Свет Балкан Балканот го очекува снежно невреме

Балканот го очекува снежно невреме

Метереолошките служби на Србија и на Црна Гора предупредуваат дека намалувањето на температурата е само вовед за снежното невреме што за време на викендот и во последните денови од годината ќе го зафати цел регион. Во Црна Гора снежни врнежи има во околината на Цетиње, а отежнат е и сообраќајот на патниот правец Подгорица – Цетиње.

Медиумите во Босна и Херцеговина јавуваат дека интензивни снежни врнежи има на планините, каде за викендот веќе се очекуваат скијачи бидејќи снежната покривка ќе достигне 20-30 сантиметри.

Силни снежни врнежи на територијата на Србија се очекуваат во недела попладне, кои ќе формираат снежна покривка од 10 до 30 сантиметри. Снежните врнежи ќе бидат проследени со силни ветрови и со појава на снежни наноси.

Метеоролозите предупредуваат дека од понеделник, 29 декември, до сабота, 3 јануари, нè очекуваат ниска температура и студени денови.