Дописници Балканот – една од најдобрите и најнедопрените дестинации за активен туризам во...

Балканот – една од најдобрите и најнедопрените дестинации за активен туризам во Европа

Во пресрет на првата Регионална конференција за активен туризам во Европа, „Знаење – партнерство – пораст“, која ќе се одржи од 10 до 12 мај годинава во Охрид, Меѓународното здружение за активен туризам во Скопје одржа обука за туристички оператори.

Целта на обуката е  обезбедување дополнителна поддршка за развојот на активниот туризам на Балканот и на неа учествуваа туристички оператори што ќе присуствуваат на конференцијата во Охрид.

На конференцијата во Охрид ќе присуствуваат повеќе од 200 претставници од јавниот и од приватниот сектор од 12 дестинации од Југоисточна Европа, кои ќе се поврзат со веќе потврдени 45 меѓународни туристички оператори и со 20 новинари од 16 земји.

Конференцијата има цел да го поттикне избивањето на Балканот како една од најдобрите и најнедопрените дестинации за активен туризам во Европа.

Кристофер Доил од Асоцијацијата за активен туризам (АТТА) појаснува дека активниот туризам глобално преставува 263 милијарди долари и дека тој е најбрзорастечкиот сектор на глобално ниво.

– Активниот туризам во себе содржи три елементи. Првиот е физички, а тоа се кајакарството, пешачењето, велосипедизмот. Вториот е поврзан со флората и со фауната и третиот сегмент е поврзан со културата, односно со откривање нешто што е автентично. Активните туристи остануваат подолго на дестинациите каде што патуваат и трошат повеќе пари каде што патуваат – вели Доил.