Дописници Балканисти од Хелсинки меѓу етничките Македонци во Албанија

Балканисти од Хелсинки меѓу етничките Македонци во Албанија

Професори и студенти од Универзитетот во Хелсинки, од тамошната Школа по балканистика, престојуваа меѓу етничките Македонци, во јужниот албански град Корча.

Балканистите од оваа севрноевропска земја имаа средба со претставници на македонското и на другите малцинство во регионот на Корча и на Поградец.

– Тема на разговор беа двојазичноста и положбата на малцинствата во Република Албанија. Од наша страна ги запознавме професорите и младите балканисти со статусот и со тешкотиите во остварувањето на нашиот национален идентитет, како и со ограничувањата во реалниот живот на локално ниво – вели Васил Стерјовски, генерален секретар на партијата на Македонците – Алијанса за европска интеграција (МАЕИ).