Свет Европа Бајден ја предупреди Русија за мешањето во Украина

Бајден ја предупреди Русија за мешањето во Украина

Потпретседателот на САД, Џо Бајден, денеска ја предупреди Русија дека ќе сноци последици поради влезот на руски тенкови, тешка артилерија и на воени камиони во Донецк, Источна Украина.

Бајден, во телефонскиот разговор со украинскиот претседател, Петро Порошенко, истакнал дека „ако Русија продолжи свесно да ја прекршува спогодбата од Минск, тоа дополнително ќе ја чини“.

Американскиот потпретседател повикаа на брзо заклучување на коалициската спогодба, која ѝ овозможи на украинската влада да продолжи со процесот на носење реформи, како и исполнување на другите ветувања дадени на украинскиот народ на парламентарните избори од 26 октомври.