Свет Европа Баерн отвора фудбалски камп за децата-бегалци

Баерн отвора фудбалски камп за децата-бегалци

Минхенскиот фудбалски клуб Баерн најави отворање фудбалски камп за децата-бегалци и финансиска помош од еден милион евра како одговор на мигрантската криза.

Германскиот првак објави дека децата и младите што ќе тренираат во кампот ќе добијат бесплатни часови по германски јазик, како и фудбалска опрема.

Играчите на Баерн на 12 септември, за кога е закажан следниот натпревар од првенството, против клубот Аугсбург, на теренот ќе се појават со германски деца и со деца-бегалци.

Повеќе од 2.000 мигранти допатуваа во вторникот во Минхен, а полицијата соопшти дека локалното население обезбедило голем број донации.