Дописници Бадникарски маскенбал во Тетово

Бадникарски маскенбал во Тетово

Традиционално и годинава бадникарскиот маскенбал во Тетово го започнаа децата, кои маскирани ги посетуваа семејствата пеејќи ја познатата песна Бдња баба.

Домаќинките за возврат им даваа костени, јаболка, тиква и пари. Подоцна повозрасните со духовити и инвентивни маски до доцните вечерни часови се забавуваа во тетовските кафулиња. На маскенбалот преовладуваа маски од филмски, претежно негативни ликови, кловнови и слично. Учесниците сметаат дека маскенбалот во иднина треба да биде под покровителство на градската власт, за да може да биде поорганизиран со дефиле по градските улици

Во пресрет на Божиќ синоќа во сите тетовски мала се палеше бадникарскиот оган и со веселба и посна трпеза се дочека Христовото рождество.