Подглавна секција Автомобилски делови и гуми украдени од гаражите на Град Скопје

Автомобилски делови и гуми украдени од гаражите на Град Скопје

Кражбата се случила вчера, а во полициската станица во Центар ја пријавил еден од вработените во Град Скопје

Фото: The image was posted by Myléne on Pixabay

Крадци влегле во гаражите на Град Скопје и украле автомобилски делови и гуми, соопшти МВР.

Кражбата се случила вчера, а во полициската станица во Центар ја пријавил еден од вработените во Град Скопје.

„Вработен пријавил на записник дека од гаражи сопственост на Град Скопје на подрачјето на Центар со употреба на сила и тврд предмет било влезено и биле одземени автомобилски делови и гуми“, се вели во полицискиот билтен.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.