Македонија Автобусите во Скопје од денеска возат од 5 до 24 часот, од...

Автобусите во Скопје од денеска возат од 5 до 24 часот, од петок повторно бесплатен превоз за постарите лица

По владината одлука за укинување на полицискиот час во државава, од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) – Скопје соопштуваат дека од денеска, 27 мај, јавниот автобуски превоз ќе функционира вообичаено, односно без временско ограничување, од 5 до 24 часот, во зависност од линијата. А од петок, 29 мај, продолжува да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица, жени со/над 62 год, мажи со/над 64 години, секој вторник, петок, сабота и недела.

При тоа, од ЈСП информираат дека автобусите ќе сообраќаат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот, кои ќе возат по редуциран делничен возен ред. И понатаму остануваат укинати трите автобуски линии (25, 25А и 25Б) што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур“, а нема да работи и Жичарницата.

Јавниот градски превоз во изминатиот период, додека важеше полицискиот час, функционираше само во периодот од денот кога беше слободно движењето на граѓаните, но со редуциран број на линии и со двосменскиот режим на сообраќање на возилата.

Од ЈСП апелираат на рационално користење на јавниот превоз и задолжително носење на заштитна опрема при користење на превозот, согласно уредбите за заштита од Ковид-19.