Свет Балкан Автобус со германски туристи се преврте во Анталија

Автобус со германски туристи се преврте во Анталија

Три лица загинаа, а десет се повредени откако автобус полн со германски туристи удрил во палма во Анталија, по што се превртел.

Како што јавуваат американските медиуми, меѓу повредените има и едно дете, а едно лице е во критична состојба.

Возачот на автобусот, кој е турски државјанин, е уапсен.