Свет Европа Австрија заработила 39 милијарди евра од новите земји-членки на ЕУ

Австрија заработила 39 милијарди евра од новите земји-членки на ЕУ

Новите земји-членки на ЕУ, на Австрија ѝ донеле профит од 39 милијарди евра, а се очекува дека пазарите за оваа држава и понатаму ќе бидат профитабилни и покрај неизвесните економски и социјални услови во тие земји, се вели во студијата на Виенскиот институт за меѓународни економски студии.

Во Словенија и во Хрватска, Австрија е најголем директен инвеститор, а во Бугарија, Романија, Чешка и во Словачка е втора по влоговите. Инвестициите на Австрија во Источна Европа се зголемиле од 400 милиони евра во 1990 година на 67,2 милијарди евра во 2012 година.

Инвестициите во седум нови земји на ЕУ, на Австрија во периодот од 2006 до 2014 година ѝ донеле профит од 31 милијарда евра.

Како што се наведува во истражувањето, најмалку една четвртина од таа сума е реинвестирана во земјите од Централна и од Источна Европа.