Свет Европа Австрија: Лавина усмрти двајца Американци

Австрија: Лавина усмрти двајца Американци

Лавина над австриското скијачкото место Селден затрупа двајца скијачи. Според првичните информации, жртвите се Американци, кои сами ја покренале лавината.

Спасувачките служби ги пронашле жртвите. Во овој дел од планината во австриската покраина Тирол на сила е трет степен предупредување од лавини, од вкупно пет.

Американските туристи најпрво скијале на 3.056 метри високиот Гаислахјогел, по што ги напуштиле обезбедените патеки.