Свет Австралиската владејачка партија го смени премиерот

Австралиската владејачка партија го смени премиерот

Австралискиот премиер Тони Абот денеска е сменет со гласање на неговата десничарка Либерална партија, која се обидува да ја врати довербата на јавноста.

На челната позиција на партијата доаѓа поранешниот лидер и министер за комуникации, Малком Тунрбул, кој го свика гласањето во партијата откако падне довербата на јавноста во конзервативната коалициска влада.

Промената на врвот на Либералната пратија се одвива во особено нестабилен период во австралиската политика. Турнбул стана четврти премиер за две години.

Либералите на изборите во 2013 година победија како стабилна алтернатива на повеќегодишната лабуристичка влада.
Лабуристите дојдоа на власт во 2007 година, на чело со Кевин Рад, но партијата го смени во 2010 година и ја постави Џулија Гилард. Неколку месеци пред изборите во 2013 година, Гилард беше сменета и повторно беше поставен Рад.
Пред да биде избран Рад, лабуристот Џон Хауард 12 години беше на власт.