Македонија АВМУ ги осуди навредите од Ковачевски за медиумите

АВМУ ги осуди навредите од Ковачевски за медиумите

Агенцијата потсетува дека е неопходно да се почитуваат стандардите и ги повикува политичарите да се воздржат од употреба на јазик со којшто се дискредитираат медиумите

фото: ААВМУ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) се огласи со остра осуда на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски со која обвини медиуми дека „дека самите се продале и уште сега се продаваат“ и се ставаат во функција на една политичка партија.

АВМУ алармира дека политичарите треба да покажуваат високо почитување за новинарската професија, наместо грубо да ги напаѓаат.

„Политичарите треба да бидат свесни за одговорноста што ја имаат и наместо да се служат со непримерна комуникација треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на еден од клучните столбови на демократијата – медиумите. Етикетирање на медиуми, особено во чувствителни периоди како предизборните, негативно се одразува на слободата на изразување и го нарушува достоинството на медиумските работници“, се вели во реакцијата.

Агенцијата потсетува дека е неопходно да се почитуваат стандардите и ги повикува политичарите да се воздржат од употреба на јазик со којшто се дискредитираат медиумите.