Свет Авион принудно слета во Осака

Авион принудно слета во Осака

Авион „боинг 777“ на јапонската компанија „АНА Холдинг“ принудно денеска слета во Осака поради проблеми со моторот, соопшти авио-комапнијата.

Ниту еден од 246 патници и 11 членови од посадата не е повредени. Авионот, кој полетал во 7.18 часот по локално време, бил на линија меѓу Осака, на западот на Јапонија и Токио.

Посадата набрзо утврдила проблеми со моторот и побарала дозвола за принудно слетување.

Сите патници и членови на екипажот безбедно го напуштиле леталото, а експертите од компанија вршат истрага за инцидентот
.