Свет Свет Авион на „Ер Франс“ принудно слетал поради дојава за бомба

Авион на „Ер Франс“ принудно слетал поради дојава за бомба

Авион на француската компанија „Ер Франс“, АФ83, кој летал од Сан Франциско кон Париз, принудно слетал на аеродромот „Пјер Елиот Трудо“ во Монтреал поради дојава за бомба.

Како што изјави портпаролот на аеродромот, Франсоа Никола Аселин, за весникот „Л журнал де Монтреал“, во авионот имало 231 патници и 15 члена на екипажот, пренесува „Раша тудеј“.

Аеродромот е во контакт со авиокомпанијата, а истрагата е во тек.