Свет Европа Авиокомпаниите „Луфтханза“ и „Ер Франс“ нема да летаат над Синајскиот Полуостров

Авиокомпаниите „Луфтханза“ и „Ер Франс“ нема да летаат над Синајскиот Полуостров

Двете најголеми европски авиокомпании, германската „Луфтханза“ и „Ер Франс КЛМ“, одлучија да не летаат над Синајски Полуостров сè додека не се утврдат причините за падот на рускиот патнички авион.

Одлуката, како што наведуваат од две авиокомпании, е поради безбедносни причини.

„Луфтханза“ има околу 10 летови кои поминуваат над Синајскиот Полуостров.