Свет Европа Авганистанец се запали во супермаркет во Германија

Авганистанец се запали во супермаркет во Германија

Млад Авганистанец кој во Германија поднел барање за азил, доби тешки рани откако се запали во магацин во супермаркет во Баварија.

Полицијата соопшти дека 19-годишен Авганистанец се полил со бензин и се запалил рано утринава во Гајмершајм, град помеѓу Нирнберг и Минхен.

Бензинот го купил на бензинска пума малку пред да се запали. Луѓето што биле во близина го изгаснале пожарот, но младиот Авганистанец добил тешки телесни повреди.

Полицијата соопшти дека тој со себе носел и нож, но дека не го употребил.