Свет Балкан Атинскиот градоначалник за солунскиот колега: Бутарис е вистински патриот

Атинскиот градоначалник за солунскиот колега: Бутарис е вистински патриот

Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис откако се најде под жесток притисок за предлогот за евентуална промена на името на солунскиот аеродром „Македонија“, доби поддршка од својот атински колега Јоргос Каминис, кој на „Твитер“ го опиша како „вистински патриот“.

„Патриотизам е да се служи во интерес на граѓаните со реализам. Јанис Бутарис е вистински патриот“, напиша Каминис на „Твитер“ споделувајќи заедничка фотографија со солунскиот градоначалник.