Свет Балкан Атика и Пелопонез зафатени од пожари

Атика и Пелопонез зафатени од пожари

Пожари беснеат во Грција. Пламени јазици го зафатија ридот Имитос во Атина, во близина на населени места. Зафатена е голема шума, а чадот веќе почнува да се шири во предградијата на грчката престолнина.

Интервенираат противпожарните служби, волонтери и два хеликоптери и се прави обид да се локализира пожарот, кој бргу се шири поради силните ветрови.

Од рано изутринава пожар се шири и во Неаполи Лаконија, на Пелопонез.

И покрај обидот на противпожарните сили, пожарот е тешко да се стави под контрола поради силни ветрови, а се евакуираат и туристи од плажите и од населените места за да не се најдат во животна опасност. Засега нема жртви, а продолжуваат и натаму обидите да се изгасне пожарот.