Свет Европа Асанж: Британија и Шведска да ја почитуваат одлуката на ОН

Асанж: Британија и Шведска да ја почитуваат одлуката на ОН

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, денеска ги повика Велика Британија и Шведска да ја почитуваат одлуката на работната група на ОН, според која тој е „незаконски притворен“. Официјален Лондон и Стокхолм ја отфрлија одлуката.

Асанж смета дека одлуката на ОН е оправдана и рече дека Британија и Шведска не можат да вложат жалба на одлуката на работната група, иако официјален Лондон најави дека ќе го направи тоа.

Адвокатката на основачот на „Викиликс“, Џенифер Робинсон, изјави дека наодите на работната група на ОН претставуваат „несомнена победа“ за Асанж. Таа рече оти наодите покажуваат дека Асанж бил изложен на „ментална тортура“ и додаде дека одлуката е „особено важна“.