Спорт Арсенал го пикира Рамос

Арсенал го пикира Рамос

Лондонскиот фудбалски клуб Арсенал планира да ја засили одбраната во претстојниот преоден рок.

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, има план да доведе квалитетен стопер. Французот веднаш „удрил“ високо.

Британскиот весник „Метро“ јавува дека Венгер е подготвен да го ангажира Серхио Рамос, а дека не станува збор за шпекулација, потврда е и информацијата дека претставниците на лондонскиот клуб се во контакт со братот на Рамос, кој е негов агент.