Економија Апликацијата „МојДДВ“ достапна и за „иос“

Апликацијата „МојДДВ“ достапна и за „иос“

Директорката на Управата за јавни приходи УЈП, Сања Лукаревска на нејзиниот фејсбук-профил информираше дека апликацијата „МојДДВ“ е достапна и за корисниците на „иос“ на „Аpple store“.

Лукаревска претходно објасни дека во мај, УЈП го контактирало претставништвото на „Епл стор“ за барање зодобрение за оваа апликација, но заради рестриктивните и строги правила на „Епл“, се одолговлекла оваа постапка.