Главна секција Апелација: Притвор за Грујовски, Јакимовски и за Бошковски – Мијалков останува без...

Апелација: Притвор за Грујовски, Јакимовски и за Бошковски – Мијалков останува без пасош

Апелацискиот суд Скопје ја уважи жалбата на Специјалното јавно обвинителство за дел од обвинетите во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ и им одреди притвор на поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, на поранешниот шеф на кабинетот на Сашо Мијалков во Управата за безбедност и контраразузнавање, Тони Јакимовски, и на Никола Бошковски, вработен во УБК.

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, останува без пасош и со обврска еднаш неделно да се јавува во судот, откако за него и за останатите обвинети Апелацискиот суд ги одбил жалбите на СЈО и ги потврдил решенијата на првостепениот суд.

„Апелацискиот суд Скопје по одржаните седници на 17 јули 2017 година, донесе одлуки во предметите познати во јавноста како „Таргет“ и „Тврдина“, со кои за тројца обвинети ја уважи жалбата на Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, така што ги преиначи првостепените решенија за обвинетите Г.Г., Н.Б и Т.Ј. и заради обезбедување присуство на обвинетите во кривичната постапка, определи мерка притвор, додека за останатите обвинети се потврдија првостепените решенија, со тоа што жалбите на обвинетите, како и на Обвинителството, се одбиени како неосновани“, стои во соопштението на Апелацискиот суд.