Македонија Апелација дозволи „бомбите“ да се користат како докази во „Тортура“

Апелација дозволи „бомбите“ да се користат како докази во „Тортура“

Апелацискиот суд денеска на јавна седница донесе одлука дека прислушуваните материјали во предметот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство, можат да се користат како докази.

„Тортура“ се однесува на случајот со апсењето на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, во кој првообвинет е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, а второобвинет е поранешниот командант на „Алфите“, Ивица Антевски-Пуки.

Обвинетите се товарат за мачење и за друго сурово, нечовечко постапување и казнување.