Македонија Апел до земјоделците: Заштитете ги овошните насади од зимските температури

Апел до земјоделците: Заштитете ги овошните насади од зимските температури

Според информациите на Управата за хидрометеоролошки работи следите неколку дена се очекува минималните температури да достигнат до -5 степени во некои делови на земјата, што може да предизвика измрзнување на насадите

Фото: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Земјоделците ги очекува борба со ниските температури за да ги заштитат овошните насади и да спречат загуби во приносите. Според информациите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) следните неколку дена се очекува минималните температури да достигнат до -5 степени во некои делови на земјата, што може да предизвика измрзнување на насадите.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) упати апел до сите земјоделци навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на своите насади.

Минималните температури на 29 март ќе изнесуваат -5 степени во Крива Паланка, -4 во Ресен и Битола, -3 во Прилеп и Тетово, – 2 во Скопје, Струмица и Кочани, -1 во Демир Капија и Штип, додека 0 степени ќе биде минималната температура во Кавадарци. За 30 март пак минималната температура ќе изнесува -4 степени во Крива Паланка, – 3 во Битола, -2 степени во Струмица, Ресен и Тетово, а -1 во Скопје и Прилеп.