Свет Апел: Да не се убиваат дивите животни во Тбилиси

Апел: Да не се убиваат дивите животни во Тбилиси

Да не се убиваат дивите животни што побегнаа од зоолошката градина по вчерашното невреме во Тбилиси, главниот град на Грузија, апелираше до полицијата директорот на градината.

Неколку диви животни скитаа по улиците на Тбилиси откако масивните поплави им овозможиле излез од градската зоолошка, а специјални единици биле пратени за да ги успијат или застрелаат животните. И самите поплави однеле неколку животни.