Македонија Антикорупциска десетина дена го испитува имотот на вицепремиерот Артан Груби и неговото...

Антикорупциска десетина дена го испитува имотот на вицепремиерот Артан Груби и неговото семејство

Вицепремиерот Артан Груби | Фото: Влада на РСМ

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) пред десет дена отворила предмет за првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби. Оваа информација денес на редовната седница ја потврдија членовите на комисијата.

„По предметот се постапува и штом ќе имаме конкретни информации, ќе ги споделиме со јавноста“, изјави Катица Николовска од ДКСК.

Проверката на имотот од Антикорупциска, доаѓа по речиси секојдневното изнесување на податоци од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за имотната состојба на Груби и неговото семејство и обвинувања за наводни сомнежи за корупција.