Спорт Спорт Свет Антиќ со пет поени за победа на Атланта во Њујорк

Антиќ со пет поени за победа на Атланта во Њујорк

Антиќ одигра 16 минути и постигна пет поени

Тимот на Атланта хоукс победи на гостувањето кај Њујорк никс во „Медисон сквер гарден“ со 85:91. Македонскиот интернационалец од редовите на Атланта, Перо Антиќ, одгира 16 минути, постигна пет поени и имаше два дефанзивни скока. Најефикасни во тимот на Атланта беа Пол Милсап со 19 поени, Кајл Корвер со 17 поени и Денис Шредер со 14 поени.
За тимот на Њујорк никс најефикасен беше Кармело Ентони со 25 поени и со 10 скока, но тоа не беше доволно да се избегне поразот.
В среда, Атланта го пречекува тимот на Јута.

Резултати:
ЛА клиперс – Сан Антонио 85:89
Чикаго – Детроит 102:91
Индијана – Јута 97:86
Кливленд – Њу Орлеанс 118:111
Њујорк – Атланта 85:91