Култура Ансамблот „Танец“ в четврток ќе одржи концерт во Прилеп

Ансамблот „Танец“ в четврток ќе одржи концерт во Прилеп

Ансамблот за народни песни и игри „Танец“ ќе се претстави со целовечерен концерт на 21 јуни, четврток од 20 часот во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Ансамблот „Танец“, амбасадор на македонскиот фолклор е формиран во мај 1949 година со указ од тогашната влада, а досега учествувал во над 4.500 концерти и подиуми во земјата и во светот, пред околу осум милиони гледачи.