Македонија Анкета на „Брима“: ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ

Анкета на „Брима“: ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ

Доколку следната недела се одржат парламентарни избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 36,8 проценти, а за СДСМ 15,7 отсто од граѓаните, покажа анкетата на „Брима Галуп“ нарачана од неделникот „Република“ во периодот од 30 јануари до 4 февруари 2016 година, за која беа анкетирани 1.006 испитаници, етнички Македонци, на возраст над 18 години.

Речиси 56,6 отсто од анкетираните граѓани сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ би победила доколку се организираат предвремени парламентарни избори на кои би учествувале сите партии, а само 12,4 отсто сметаат дека тоа е СДСМ.

Кога станува збор за перцепциите, 65,1 отсто од испитаниците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ има поголема поддршка од граѓаните и дека ќе победи на изборите, за разлика од  13 проценти кои сметаат дека СДСМ има поголема поддршка.