Свет Европа Анкара ја обвини Атина за кршење на меѓународното право

Анкара ја обвини Атина за кршење на меѓународното право

Турција денеска ја обвини Грција за прекршување на меѓународното право поради воените вежби на островот Кос во Егејското Море.

Турското министерство за надворешни работи укажа на извештаите на грчките медиуми за тоа дека припадници на специјалните сили со падобрани се спуштиле на Кос и дека со тие маневри ја кршат спогодбата од 1974 година, со која се забрануваат такви обуки на островот.

Извори од грчкото министерството за одбрана потврдија дека на почетокот од неделава се одржани воени вежби во кои учествувале падобранци.

– Планираната обука на грчките вооружени сили нема да запре – вели изворот.

Турција предупреди дека ќе реагира ако тоа биде неопходно.

– Го повикуваме нашиот сосед Грција да се воздржи од еднострани акции кои би можеле да предизвикаат тензии и кои не се во согласност со меѓународното право – рече портпаролот на турското министерство за надворешни работи, Хусеин Муфтуоглу.

Тензиите меѓу двете земји се во пораст откако Грција минатата недела ја блокираше екстрадицијата на осумте турски војници, кои Анкара ги обвинува за вмешаност во неуспешниот воен удар во јуни 2016 година.