Економија Анѓушев: Проблемите во „Колска“ се влечат со години, треба трајно решение

Анѓушев: Проблемите во „Колска“ се влечат со години, треба трајно решение

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, се сретна со претставниците на синдикатот на вработените во фабриката за шински возила „Колска“ од Велес, кои подолг период не зеле плати.

„Проблемите се со подолг рок и се влечат веќе со години. Владата ќе го реши проблемот и вработените ќе добијат плата. Но, во исто време, целта е да се најде трајно и системско решение, со кое фабриката ќе има работа, а вработените навремено ќе ги добиваат своите примања, како и социјално и здравствено осигурување“, нагласи вицепремиерот.