Македонија АМСМ: Забрана за тешки товарни возила на патот Охрид – Ресен

АМСМ: Забрана за тешки товарни возила на патот Охрид – Ресен

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно влажни коловози, а поради интензивни врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Охрид – Ресен преку планинскиот премин Буково, информираат од АМСМ.

Забраните за движење на тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Кичево и крак Маврово – Дебар, кои беа воведени поради интензивни врнежи од снег, се укинати.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и низ засеците, како и на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.