Македонија АМСМ: Сообраќајот се одвива по влажни коловози, се препорачува внимателно возење

АМСМ: Сообраќајот се одвива по влажни коловози, се препорачува внимателно возење

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива по претежно влажни коловози. Во Маврово, Крива Паланка и на планинскиот премин Ѓавато има врнежи од слаб снег, додека во источните делови од земјава дува засилен ветер од северен правец, информираат утрово од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот на магистралниот пат А3, односно Ресен – Битола – Прилеп, кај населбата Баир, кој беше во прекин од вчера во 18.10 часот, поради блокада од страна на локалното население, од утринава во 8.30 часот е повторно нормализиран.

Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјата (оваа информација се однесува само за македонската страна на премините).

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.