Економија Американци се откажуваат од државјанството поради даноците

Американци се откажуваат од државјанството поради даноците

Според податоците на Интернал ревенју сервис – ИРС (Internal Revenue Service), голем број Американци се откажале од своето државјанство во првиот квартал во 2015 година. „Блумберг“, пак, пишува дека 1.335 луѓе се откажале од државјанството во првите три месеци во годината, додека лани таа бројка за целата година изнесувала 3.415, што претставувало рекорд.

Податоците на ИРС ги содржат и имињата на тие што се откажале, но не и причините зошто го сториле тоа.

Ова најмногу се однесува на оние Американци што живеат и работат надвор од САД, кои без разлика што не се во државата, мораат да плаќаат даноци.

Администрацијата на Обама го пофали законот како  „глобален стандард“ во борбата против затајување данок. Но, истиот се најде под жестоки критики, особено од Американци што живеат во странство.