Свет Американските специјалци фатиле лидер на ИД во Ирак

Американските специјалци фатиле лидер на ИД во Ирак

Во ирачката провинција Киркук, американските специјални сили фатиле еден од лидерите на Исламска држава, Абу Омар ал Шишани.

Агенцијата ЕИН јавува дека американските специјални сили минатиот петок фатиле, освен Ел Шишани, уште двајца команданти на Исламска држава и ликвидирале седум милитанти за време на десантската операција изведена во регионот Ел Ријад, во провинцијата Киркук.

Според податоците на агенцијата, тројца екстремисти се префрлени во градот Сулејмани, на северот на земјата.
Според официјалните податоци, специјалните сили на САД во Ирак стигнале на 21 декември.