Економија Американскиот производител на авиони „Боинг“ ќе укине околу 4.000 работни места

Американскиот производител на авиони „Боинг“ ќе укине околу 4.000 работни места

Американскиот производител на авиони „Боинг“ до средината на оваа година ќе укине околу 4.000 работни места во одделението за производство на комерцијални авиони и уште 550 работни места во секторот за лабораториски тестирања, изјави портпаролот на компанијата Даг Алдер.

Отпуштањето на 1.600 врабoтени во одделението за производство на комерцијални авиони, ќе биде реализиранo низ доброволни заминувања, а кратењата ќе ги погодат и раководните и менаџерските позиции.

Ваквата мерка, како што пренесува агенцијата „Франс прес“ е последица на настојување на компанијата да ги намали трошоците и да ја зголеми продуктивноста.