Свет Американски воздушни напади врз Џихади Џон

Американски воздушни напади врз Џихади Џон

Американските војници извеле воздушен напад во Сирија, а мета бил милитантот на Исламска држава, Мохамед Емвази, кој во медиумите е познат како Џихади Џон, соопшти американски претставник.

Станува збор за џихадист кој во повеќе видеоснимки обезглавува западни заложници.

САД сè уште ја проценуваат ефикасноста на нападите што се случија во околината на градот Рака, рече претставникот, кој побарал да биде анонимен.
Сè уште не се знае дали Џихади Џон е убиен. Властите се уверени дека озлогласениот терорист е убиен, а нападот е извршен откако Џихади Џон бил забележан. Во моментот на нападот, кој бил изведен со безпилотно летало, озлогласениот терорист бил во автомобил.