Свет Балкан Американски авиони пристигаат во турските воени бази

Американски авиони пристигаат во турските воени бази

Американски воени авиони и беспилотни летала пристигнуваат во турските воени бази, па наскоро ќе почне сеопфатна акција против џихадистите на Исламска држава.

– Во согласност со договорот со САД, остваривме напредок во отворањето на нашите бази во базата Инџерлик – рече турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, додавајќи дека американските авиони и дронови пристигаат и наскоро ќе почнат заедничка акција.

Властите во Анкара кон крајот на јули официјално го одобрија барањето американските и коалиционите авиони да ги користат турските воздухопловни бази во борбата против ИД.