Свет Балкан Американската амбасада ги повика своите државјани во Турција да бидат внимателни

Американската амбасада ги повика своите државјани во Турција да бидат внимателни

Амбасадата на САД во Анкара ги повика своите државјани кои престојуваат во Турција да бидат внимателни за време на прославата на курдската нова година, затоа што на таквите големи настани би можеле да избијат немири.

Амбасадата навела дека американските државјани треба да ги имаат на ум мерките на претпазливост, потсетувајќи дека неодамна мета на терористичките напади биле сообраќајници, турски владини објекти и јавни места.

Курдската нова година се слави викендот.

Германија вчера од безбедносни причини, по дојава за можни напади, ги затвори амбасадата во Анкара, генералниот конзулат во Истанбул, како и училишта во два града.