Македонија Амбасадорот Пломп твитна слика на билборд од Хаг со реклама за одмор...

Амбасадорот Пломп твитна слика на билборд од Хаг со реклама за одмор во Охрид

Холандскиот амбасадор во земјава, Ваутер Пломп, на својот твитер-профил сподели слика од реклама за туризам во Македонија на билборд во Холандија.

„Заебележано во Холандија (сликано од возот Хаг – Лајден) дестинација за одмор #Македонија #Охрид“, напиша Пломп на „Твитер“.

На рекламата е претставен Охрид и се вели дека холандските туристи можат да добијат осум дена одмор за 189 евра.

Рекламата е од тур-операторот „Корендон“ преку кој холандските туристи ја посетуваат Македонија.