Македонија Амбасадорите сметаат дека ДУИ треба да го искористи влијанието за доброто на...

Амбасадорите сметаат дека ДУИ треба да го искористи влијанието за доброто на граѓаните

Лидерот на ДУИ не сакал да им даде изјава на новинарите по двочасовната средба со амбасадорите на САД, ЕУ, Франција, Велика Британија и на Италија, објави „Нова ТВ“. Новинарите го прашувале Ахмети дали ќе понесе одговорност за настанот во Куманово, но неговиот портпарол рекол дека изјава ќе дадат амбасадорите.

Во заедничката изјава, амбасадорите посочија дека и ДУИ носи одговорност и треба да осигураат транспарентна истрага за злоупотребите.

– Ја поздравуваме конструктивната улога на ДУИ за време на викендов, вклучително и во Советот на безбедност. Ја повикуваме партијата да продолжи да работи со сите страни и институции, како дел од владејачката коалиција, ДУИ е одговорна за спроведување на демократските вредности и принципи. Партијата има обврска да помогне да се изградат државните институции и да осигури транспарентна истрага за откриените злоупотреби на кредибилен начин. Се надеваме дека ДУИ ќе го искористи влијанието за доброто и за иднината на сите македонски граѓани – изјави по средбата во име на сите амбасадори, амбасадорот на Италија во Македонија – Масимо Белели.

Амбасадорите во ист состав попладнево, во 16.30 часот, треба да се сретнат со Зоран Заев, лидерот на СДСМ.