Македонија Амбасадата на САД ќе донира опрема за бегалците на Црвен крст

Амбасадата на САД ќе донира опрема за бегалците на Црвен крст

Американската амбасада во Македонија денеска во магацините на Црвениот крст на Град Скопје во Момин Поток, ќе предаде хуманитарна помош за полесно справување со хуманитарните предизвици со бегалската и мигрантската криза, соопштија од Црвениот крст.

Помошта е во вид на опрема и е наменета за Центарот за управување со кризи, Армијата на Република Македонија, Дирекцијата за заштита и спасување и за тимовите за одговор при катастрофи на Црвениот крст.

На примопредавањето е најавено присуство на американскиот амбасадор Џес Бејли, претставници на Амбасадата на САД во земјава и на Црвениот крст.