Македонија Амбасада на Словачка: Целосно и неодложно да се имплементира договореното

Амбасада на Словачка: Целосно и неодложно да се имплементира договореното

Словачка амбасада во Македонија денеска го поздрави постигнувањето договор на политичките партии за излез од политичката криза во Македонија.

„Словачкото претседателство со Советот на ЕУ го поздрави интерпартискиот консензус постигнат на 20 јули во Скопје. Целосно, неодложно и со добра волја имплементирање на тоа што е договорено е круцијално за враќање од кризна во нормална ситуација, за организирање веродостојни (вклучително и инклузивни) парламентарни избори и за враќање на земјата кон евроинтеграцискиот пат – соопштија за „Мета“ од Амбасадата на Словачка.

Претходно, Амбасадата на Велика Британија во Македонија, амбасадорот на САД, Џес Бејли, и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан го поздравија постигнатиот договор и порачаа да се продолжи со негово имплементирање.