Македонија Амбасада на Германија: Сочувство за загинатите и повредените во поплавите

Амбасада на Германија: Сочувство за загинатите и повредените во поплавите

Германската амбасада во Македонија денеска изрази сочувство за жртвите од поплавите.

„Амбасадата на Сојузна Република Германија ја изразува својата длабока жалост за жртвите од невремето на 06.08.2016 година. Нашите мисли и нашето сочувство се со жртвите, повредените и нивните семејства“, стои во соопштението од амбасадата.

Сочувство за загинатите и повредените изразија грчката амбасада во Македонија, амбасадорите на САД, Велика Британија и Холандија, Џес Бејли, Чарлс Гарет и Ваутер Пломп, евроамбасадорот Аиво Орав, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, како и Европската Унија.